MAK PETROL

Нашите горива од фамилијата ULTRA се одликуваат со врвни својства и развиени се со цел да обезбедат полна моќност, и истовремено, намалена потрошувачка гориво на Вашето возило.

Ова е овозможено преку примена на најсовремени технологии и употреба на најсовремени адитиви при развојот на горивата. Најсовремените адитиви во погонските горива на Макпетрол го спречуваат создавањето штетни талози во моторот и ги отстрануваат постоечките талози кои можат да предизвикаат намалување на моќноста.

Со ULTRA горивата, подвижните делови на моторот ги добиваат неопходната заштита и подмачкување, со што се олеснува работата на моторот и се продолжува неговиот работен век. Преку намалената количина на штетни гасови и честички при работа на моторите во возилата, како и преку пониската потрошувачка на гориво, позитивните придобивки од ULTRA горивата на Макпетрол учествуваат во заштитата на животната средина.